Суви и чисти патишта

21

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с. Церово на 1 км. пред Стража се врши реконструкција на мостот и таму сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово-Дебар-Струга. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

Во тунелите на патниот правец Демир Капија – Удово завршено е периодичното сопирање на сообраќајот, но се уште се изведуваат градежни работи и сообраќајот е регулиран со семафори за наизменично пропуштање на возилата.

Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила. Патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица не е прооден за сообраќај. Сообраќајот се одвива до месноста Корита, но само од охридската страна.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

Ги информираме сите наши корисници дека излезе нова верзија на АМСМ мобилната апликација наменета за Android и iPhone мобилни телефони, во која на само еден допир на располагање им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и сл. АМСМ мобилната апликација може бесплатно да се симне на Google Play и App Store. Им посакуваме безгрижни празнични патувања на сите граѓани.