Свадби и во затворен простор до максимум 250 гости, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот

35

На предлог на Министерството за економија, Владата денеска донесе одлука од први јули да се дозволи организирање на свадби и во затворени простории со максимум 250 лица, но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот, објави на својот Фејсбук профил министерот за економија Крешник Бектеши.

Оваа одлука ќе почне да се применува од први јули 2021 година.

На предлог на Комисијата за заразни болести од први јуни е дозволено организирање на свадби, прослави, веселби на отворен простор/летни тераси до максимум 100 лица, но не повеќе од 50% од капацитетот на просторот и до максимум шест лица на маса со обезбедување на препорачаната дистанца помеѓу лицата.

Фото: Pexels