Свети Стефан хотели продаде дел за 2,53 милиони евра, но сè уште не се знае на кој

110

На црногорската берза продадени се 1,1 милион акции на фирмата Свети Стефан хотели за 2,53 милиони евра. Цената на една акција изнесува 2,27 евра.

Ова туристичко претпријатие има 8,1 милиони акции, со номинална вредност од 3,19 евра по акција. Кој излегол од сопственичката структура, а кој влегол или го зголемил својот удел не е познато.

Најголем сопственик е Владата со 41,6% акции.

Свети Стефан хотели, објавија дека првиот квартал од годинава го завршиле со профит од 107.300 евра. Приходите биле 244.300, а расходите 137.000 евра.

Фото: Pixabay