Светот е во опасност поради еколошки ризици

51

Новиот извештај на Светскиот економски форум (World economic forum – WEF) наведува дека се менуваат гледиштата за ризиците на глобално ниво.

Додека претходните години како главни ризици се споменуваат проблеми од економска природа, денес човештвото се соочува со нови стравови поврзани со климатските промени.

WEF наведува дека за прв пат во последните 15 години, како најголеми долгорочни ризици се токму еколошките. Иако во претходната декада, економската и финансиската криза претставуваа најголем предизвик и закана, денес тоа се екстремните временски прилики, природни катастрофи, предизвици на природниот биодиверзитет и слично.

Во рамки на извештајот, предвид се земени мислења на повеќе од 750 експерти од целиот свет, чии ставови треба да покажат кои се најголемите влијанија и за што најмногу се грижа.

Фото: Pexels