Светот ја добива најголемата рекламна група, eBay им даде зелено светло на Норвежаните

61

Американската компанија за онлајн трговија, eBay се согласи да ја продаде својата огласна единица на норвешката компанија Adevinta за 9,2 милијарди долари, со што ќе се создаде најголемата светска рекламна група, соопштија двете компании.

Според договорот, eBay ќе добие 2,5 милијарди долари во готовина и 540 милиони акции на Adevinta, со што норвешката компанија ќе стане најголем акционер во американската компанија со 44% сопственички удел и 33,3% гласачки права, објави Reuters.

“Adevinta станува најголема интернет компанија за рекламирање во светот, со уникатно портфолио на водечки брендови на пазарот“, рече извршниот директор на тој гигант, Ролв Ерик Рајсдал.

Здружената компанија ќе биде присутна на пазарите на 20 земји, а Европа е најголемиот пазар.

Инаку, еBay пласира огласи во повеќе од 1.000 градови ширум светот, а во првиот квартал од 2020 година оствари оперативна добивка од 83 милиони долари и приходи од 248 милиони долари.

Фото: Adevinta