Светот ќе го доживее најголемиот трансфер на богатство во историјата – Што ќе биде со парите?

645

Во текот на наредните две децении, светот ќе го доживее најголемиот трансфер на богатство во историјата. На младите генерации, на пример во САД, ќе им бидат пренесени 84 трилиони долари, покажа најновиот извештај „Investor Watch“ на швајцарската банка УБС.

Со истражувањето биле анкетирани 4.500 инвеститори на 14 пазари со најмалку милион долари вложени во имот, а извештајот откри дека околу 40% од инвеститорите ширум светот не го формализирале планот на наследување поради сложеноста на правичната поделба на наследството.

Секој втор анкетиран инвеститор не открил каде го чува имотот, каква му е намерата околу поделбата и колку вреди.

Главниот проблем на кој укажаат инвеститорите е како да го поделат богатството на начин кој се смета за праведен, особено ако тоа значи нерамноправна поделба на имотот меѓу наследниците.

Други како фактор ги гледаат финансиските потреби на нивните наследници, но и колкава одговорност можат да преземат кога станува збор за грижата околу богаташот кој старее.

Повеќето наследници и инвеститори се согласни дека најдобриот облик на акција е постојаната комуникација, а околу половина од сите анкетирани изразиле интерес за вклучување на професионалец кој би можел да помогне околу расправиите за трансферот на богатството.