Светот ќе мора да се навикне на високите цени на авионски билети

24

Изгледа дека светот ќе мора да се навикне на високите авионски цени.

Ова го потврдува изјавата на Вилијам Волс, генерален директор на Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (ИАТА).

„Авионските билети би можеле да поскапат поради недостигот на капацитет за преработка на гориво, како и поради финансиската состојба на авиокомпаниите“, изјави Волс за CNBC.

Падот на капацитетот за рафинирање за време на пандемијата и повисоките цени на авионското гориво предизвикани од зголемената побарувачка за гориво се загриженост за авиоиндустријата, вели тој.

Капацитетот за рафинирање на САД падна за 5,4% во 2022 година од достигнувањето на врвот во 2019 година – најниско во последните осум години. Падот следеше по затворањето на рафинериите и конверзијата за производство на повеќе обновливи горива.

Волс ги повтори своите надежи да види повеќе инвестиции во одржливо производство на авионско гориво, наместо во традиционалните рафинерии, поради грижа за животната средина.

Минатата година ИАТА постави цел за глобалната индустрија за воздушен транспорт да постигне нула емисии на јаглерод до 2050 година.