Светска банка ги стандардизира договорите за вакцини меѓу производителите и земјите што ги купуваат

18

Светска банка работи на стандардизација на договорите за вакцини против коронавирусот што земјите ги потпишуваат со производителите и бара од фармацевтските компании да бидат поотворени околу прашањата во кои земји колку дози се испраќаат.

Според првиот човек на Светска банка, Дејвид Малпас, тие ќе настојуваат што е можно повеќе вакцини да се достават до сиромашните земји, истакнувајќи дека управата одобрила 1,6 милијарди долари за вакцини во 12 земји, вклучувајќи ги Филипини, Бангладеш, Тунис и Етиопија, до крајот на март.

Освен помош на сиромашните за набавка на вакцини, Светска банка работи на стандардизирање на договори меѓу земјите и производителите.

Според официјалните податоци, Израел предводи со вакцинирани 82 од 100 жители, додека во Индија и Бангладеш вакцинирано е помалку од едно на 100 лица. Во многу земји во Африка вакцинацијата не е започната.

Фото: Pexels