Светска банка очекува раст на глобалниот БДП од 3,2%

17

svetska-banka Светската економија би требало оваа година да зајакне и да го забрза растот во земјите во развој и во високоразвиените земји по петгодишната економска криза, проценува Светската банка во објавената годишна прогноза.
Светската банка очекува зголемување на глобалниот бруто домашен производ од 2,4% во 2013 година на 3,2% во 2014 година, а потоа да дојде и до негова стабилизација на 3,4% или 3,5% во 2015 и 2016 година.
Во земјите во развој, растот од 4,8% во 2013 година, да се искачи на 5,3% оваа година, во 2015 година тој да изнесува 5,5%, а во 2016 година 5,7%.
Светската банка предвидува и раст во еврозоната, по двегодишниот пад на економските активности, кој би требало оваа година да изнесува 1,1%, а во 2015 и 2016 година 1,4%, односно 1,5%.
Американската економија оваа година, според Светската банка, би требало да доживее раст од 2,8% во однос на минатата година кога тој изнесуваше 1,8%, а во 2015 и 2016 година, тој да се искачи до 2,9%, односно 3%.