Светска банка прогнозира раст од 3,5% за Македонија

19

Македонската економија годинава ќе има раст од 3,5%, наредната 3,8%, а во 2017 година 4%, предвидува Светска банка во најновиот извештај, јавува Миа.

Во извештајот се наведува дека Македонија и натаму е со најдобар економски раст во регионот.

Растот на БДП во Хрватска е предвиден на 0,5% и 1,2% наредната година, во Црна Гора 3,4% годинава и 2,9% наредната, во БиХ растот на економијата ќе биде 1,5% и 2,5% наредната, а албанската економија ќе има раст од 3% оваа година и 4% во наредната година.

За Србија е предвиден пад на економијата од 0,5%, а наредната раст од 0,5%.