Светска банка прогнозира раст од 3,6% на македонската економија

38

Светска банка прогнозира раст на македонската економија за годинава од 3,6% и 3,5% за следната година, покажува последниот извештај.

За земјите од регионот се предвидува раст на бруто домашниот производ годинава во Албанија од 5,1 отсто, БиХ 2,8 отсто, Бугарија 3,3 отсто, Хрватска 5,4 отсто, Косово 3,7 отсто, Црна Гора 6,1 отсто и Србија 3,1 отсто.

Според Светска банка, растот во Западен Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербата на потрошувачите и бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

Фото: Freepik