Светска банка: Штета на украинската инфраструктура од 60 милијарди долари

28

Материјалната штета од руската инвазија на украинските згради и инфраструктура достигна сума од околу 60 милијарди долари и ќе се зголемува со продолжување на војната, изјави претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас.

Тој на конференцијата на Светската банка, на која се разговараше за потребата од финансиска помош за Украина, рече дека раните проценки не ги вклучуваат растечките економски трошоци од војната.

„Се разбира дека војната сè уште трае, така што тие трошоци растат“, наведе Малпас.