Светска банка со позитивна оценка за Македонија

17

wbСо економски раст од 3,4% во првата половина на 2013 година, Македонија е на прво место во регионот, се наведува во редовниот економски извештај на Југоисточна Европа на Светска банка. Економскиот раст е резултат на силното закрепнување во градежниот и услужниот сектор, стои во извештајот, пренесува МИА.

Во заклучоците од документот се посочува дека просечниот раст на реалниот бруто домашен производ на шесте земји во регионот се поврати од негативните 0,7 во 2012 година на 1,8 во првата половина на 2013 и се очекува да достигне приближно два процента до крајот на годинава.

Во Македонија во првата половина на годинава економскиот раст на БДП беше највисок во регионот, 2,5%, а во 2014 се очекува дека ќе биде 3%.

Македонија се уште нема ниво на јавен долг што би излегувал од контрола, истакна Татјана Проскурјакова, директор на канцеларијата на Светска банка во Скопје. Според неа, Македонија е земја што успеа да оствари и најголемо намалување на невработеноста во регионот, но и дека во земјата нема доволно работни места за младите.

Извештајот денеска беше презентиран од Тирана. Според него, останатите земји од регионот – БиХ, Албанија, Косово, Црна Гора и Србија излегле од рецесијата во првата половина на 2013 година, претежно заради извозот ориентиран главно кон Европа.