🎥Светска премиера: Презентиранa Rimac Nevera R

На настан во Калифорнија, Мате Римац ја претстави новата Невера наречена Nevera R.

Оваа Nevera е дизајнирана како „агресивно алтер его на Nevera“ и претставува премин од хипер GT автомобил во хипер спортски автомобил.

„Како што сугерира неговото име, развојот на Nevera R ја следи филозофијата на брендот Rimac: радикално, бунтовно, безмилосно“, велат од Bugatti Rimac.

Благодарение на сите подобрувања, Nevera R е во состојба „да им пркоси на законите на физиката како никогаш досега“, според Bugatti Rimаc.

Бројот на произведени Nevera R автомобили ќе биде ограничен на најмногу 40 примероци, а почетната цена е 2,3 милиони евра.