Светската банка и одобри 454 милиони евра на Јужна Африка за набавка на вакцини

20

Светската банка и одобри заем од 454,4 милиони евра (474,4 милиони долари) на Јужна Африка за финансирање на набавката на вакцината против Ковид-19, објавија меѓународниот кредитор и Националното Министерство за финансии на Јужна Африка.

Јужна Африка забележа најмногу случаи на инфекција со коронавирус и смртност на африканскиот континент, со повеќе од 3,9 милиони заразени и повеќе од 101.000 потврдени смртни случаи, пренесува Ројтерс.

Оваа земја порано имаше проблем со обезбедувањето вакцини поради ограничените испораки и долгите преговори, но сега е добро снабдена со потребната количина на дози.