Светската банка подготвува пакет за поддршка од 1,5 милијарди долари за Украина

47

„Светската банка подготвува пакет помош од 1,5 милијарди американски долари за воено разурната Украина, кој ќе биде поддржан со исплата на 1 милијарда долари од фондот на Агенцијата за развој за најсиромашните земји“, рече Дејвид Малпас, претседател на Светска банка.

Малпас прецизира дека овој пакет финансиска поддршка е овозможен со  одлука на земјите донатори и приматели да одобрат исплата на една милијарда долари помош од Меѓународната асоцијација за развој (ИДА), пренесува Ројтерс.

Во забелешките пред пролетната сесија на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд следната недела, Малпас истакна дека поддршката на банката треба да и помогне на Украина да обезбеди финансирање за клучните јавни услуги, вклучително платите во болниците, пензиите и социјалните бенефиции.