Светската цена на челикот е највисока во последните пет месеци

15

Цената на челикот денеска на берзата во Шангај беше повеќе од 3.825 кинески јуани за тон, што е највисока во последните пет месеци.

Новите податоци од август поврзани со кинеското индустриско производство, трговијата на мало или новото кредитирање во јуани беа подобри од очекувањата на пазарите, а според Ројтерс, кинеската економија „покажува знаци на стабилизација“, поттикнувајќи го економскиот оптимизам.

Кина е најголемиот светски потрошувач на челик, а неодамна се соочи со проблеми на пазарот на недвижности.