Светски ден на аутизмот: Различностите што се дел од нас

34

По повод Светскиот ден на аутизмот, втори април, и со цел да се прифатат и разберат различностите на луѓето со аутизам, во продолжение малку повеќе за тоа…

Надворешни фактори коишто можат на влијаат на гените да мутираат и да предизвикаат аутизам се големи. Тука спаѓаат одредени лекови, хемикалии, изложувања на тешки метали, псхихотропни супстанци, голема изложеност пред екрани и инфекции за време на бременоста.

Земјите каде врнежите се честа појава имаат и поголема стапка на заболени од аутизам. Според научниците, големата влажност носи и повеќе загадувачи во воздухот и е “виновна“ за намалувањето на нивоата на витамин D.

Истражувањата велат дека децата кои имаат постар татко се поизложени на ризик од аутизам. Доколку таткото има повеќе од 40 години, децата имаат до шест пати поголем ризик за појава на ова нарушување.

Многу деца со аутизам имаат висока стапка на болка, но се премногу осетливи на звук, допир или други сензорни стимулации. Ова може да придонесе за одбивност кон физички контакт и било каква комуникација.

Уште во најрана возраст може да се појават првите три знаци на аутизам. Тоа се: проблеми со комуникацијата, нарушена социјална интеракција и повторувачко однесување.

Нарушувања на аутистичниот спектар се речиси пат пати почести кај момчињата (1 во 42) отколку кај девојчињата (1 во 189).

Научниците и родителите на децата со аутизам сметаат дека истиот не треба да се третира како хендикеп, туку да се прифати како манифестација на еден “поинаков карактер“.

Околу 70 милиони луѓе во светот се дијагностицирани со аутистичен спектар на нарушување.

Иако се случува да се забележи уште на 18 месеци, просечната возраст за дијагностицирање на аутизмот е четири години.

Фото: Pixabay