Светски ден на борба против ракот

77

Светот денеска го одбележува Светскиот ден на борба против ракот. Светскиот ден на ракот има за цел да спречи милиони смртни случаи секоја година преку подигање на свеста и едукација за канцерот со влијание врз владите и поединците ширум светот да преземат акција против оваа болест, пишува Институтот за јавно здравје на Македонија.

2020 година е средината на тригодишната кампања под мотото Јас сум и Јас ќе. Станува збор за моќен повик за акција, повикувајќи на лична обврска и ја претставува моќта на индивидуалните активности преземени сега да влијаат врз иднината.

Неколку факти за оваа подмолна болест:

9,6 милиони луѓе умираат од рак секоја година,

Најмалку една третина од честите форми на рак може да се спречат,

Ракот е втора водечка причина за смрт во светот,

70% од смртните случаи од рак се јавуваат во земји со низок и среден приход,

До 3,7 милиони животи може да се спасат секоја година со спроведување на соодветни стратегии за превенција, рано откривање и третман,

Вкупната годишна потрошувачка за ракот се проценува на 1,16 илјади милијарди долари.

Фото: Facebook