Светски првак во Формула1 си купи хиперавтомобил од Римац

58

Нико Розберг, поранешен светски шампион во Формула 1, на YouTube откри дека купил автомобил од Rimac Automobili, сопственост на хрватскиот претприемач Мате Римац.

Розберг ја освои светската титула во 2016 година и се пензионираше неколку дена подоцна на само 31 година.

Тој се двоумеше меѓу неколку вистински тркачки автомобили, а на крајот изборот падна на Rimac Concept Two, хрватски електричен супер спортски автомобил кој влече од 0 до 100 км на час за една секунда и 85 стотинки од секундата.

По пензионирањето, Розберг е стручен коментатор на трките во Формула 1, но во меѓувреме стана и многу успешен јутубер. Тој направи вистинска мала кампања за своите обожаватели, најавувајќи купување нов автомобил, а кога откри точно за кое возило станува збор, а многумина се воодушевија.

Фото: YouTube Printscreen