Светскиот туризам во минус од 1.300 милијарди долари во 2020 година

32

Светскиот туризам е во минус 1.300 милијарди долари во 2020 година, како последица на падот е рестрикција на движење поради пандемијата, соопшти светската туристичка организација на Обединетите нации, со седиште во Мадрид.

Загубата е повеќе од 11 пати повисока од онаа што е забележана во време на светската економска криза во 2009 година.

Бројот на туристи во светот, поради пандемијата, во 2020 година е намален за 74% во споредба со 2019 година.

На туристичките дестинации ширум светот лани имало милијарда помалку посети, за разлика од една година претходно. Само за споредба, во 2009 година, падот на бројот на туристи во светски рамки беше за 4% понизок.

Се очекува процесот на вакцинирање против коронавирусот да ја врати довербата на потрошувачите и да ги ублажи рестриктивните мерки за патување.

Најновата анкета на експертите на оваа организација покажува дека има различни очекувања за оваа година. Скоро пола од испитаниците, 45% очекуваат подобрување на состојбата во туризмот во однос на 2020 година, додека 25% сметаат дека нема да има голема разлика, а 30% дури веруваат дека состојбата ќе се влоши.

Фото: Freepik