Светскиот велнес бренд Henri Chenot доаѓа во Црна Гора

3

one-and-only-portonovi-montenegro

Светскиот реномиран велнес и спа бренд Henri Chenot од 2016 година ќе биде присутен во Црна Гора, во рамките на One&Only хотелот во луксузниот туристички комплекс Портонови. Црна Гора ќе биде првата земја во регионот која на гостите ќе може да им ја понуди Chenot методата за потполна ревитализација.

“Спа центарот е организиран по одделенија, кои нудат потполно интегриран пристап и му овозможуваат на нашиот тим на експерти да направат соодветни програми за оптимално здравје и благосостојба на организмот”, вели Каролин Ченот, извршен директор за спа Chenot.

Henri Chenot група постои во голем број земји ширум светот и е еден од најпознатите брендови во областа на велнес, естетика, нутриционизам, фитнес и козметика. Позната е по третманот Chenot метода, кој го стимулира телото природно да се обнови со состојба на оптимално здравје.

Луксузниот комплекс Портонови почна да се гради во Кумбор кај Херцег Нови. Во него ќе бидат инвестирани околу половина милијарда евра, а треба да биде готов за три години. Портонови ќе биде првото One and Only летувалиште во Европа и ќе се протега на 24 хектари. Во комплексот ќе има 550 соби, вили и апартмани, во просек со површина од 60 метри квадратни. Во рамки на одморалиштето ќе има и велнес центар, две марини за јахти, песочна плажа со 900 лежалки, конгресен центар за 800 посетители, 250 продавници и 150 кафулиња, барови и ресторани, 1.200 паркинг места.

Зад овој проект стои азербејџанската компанија Азмонт Инвестментс.