Светските лидери се загрижени за “зголемената моќ и однесување на Кина“

40

Лидерите на квадрилатералниот безбедносен дијалог т.н.Квад, (QUAD- Quadrilateral Security Dialogue) – САД, Јапонија, Индија и Австралија – споделуваат загриженост за “зголемената моќ и однесување на Кина“, поради што ќе се состанат денеска во Белата куќа, објавија медиумите.

На самитот ќе се разговара и за напредокот во дистрибуцијата на вакцините, инфраструктурата и технолошката соработка. Состанокот Квад се организира една недела откако САД, Велика Британија и Австралија објавија дека го потпишале безбедносниот пакт АУКУС, според кој Канбера ќе добие технологија со чија помош ќе може да изгради нуклеарни подморници, што наиде на осуда од Пекинг.

Четворица водачи – претседателот на САД Џо Бајден, индискиот премиер, Нарендра Моди, јапонскиот премиер, Јошихиде Суга и австралискиот премиер Скот Морисон – ќе зборуваат лице в лице откако Бајден ќе одржи утринска билатерална средба со Моди и ќе се сретне одделно.

“Имаме некои работи што треба да ги постигнеме во областа на инфраструктурата, здравството, науката и технологијата, вселената и сајбер -просторот“, изјави неименуван претставник на американската администрација за локалните медиуми.