Swallowtail: Мини куќа на тркала што се менува според потребите на корисниците

37

swallowtail-by-the-tiny-house-company-4-889x500Австралиското дизајнерско студио Tiny House Company престави мини куќа на тркала што може да се собира и надополнува во зависност од буџетот и потребите на корисниците. Моделот е наречен Swallowtail и нуди се што му е потребно на едно семејство кое често патува од едно место на друго.

Издржлива е на секакви временски непогоди, а има и сертификат C2 за отпорност на циклонски бури.

Надворешнста и внатрешноста можат да се менуваат, односно да се додаваат делови од типот на екстра полици, прозорци, заштита на вратите, простор за складирање, елементи во кујната и слично.

Прозорците и вратите се со систем на крос вентилација, а ѕидовите и покривот имаат одлична изолација. Сопствениците можат да спијат на горниот или долниот дел од куќата, а за да се качат горе користат скала на влечење, којашто се чува на таванот кога не се користи.

Цената на основниот модел изнесува 62.500 долари.

img_0461img_0331img_0296