Swatch ја купува Harry Winston за една милијарда долари

22

swatchНајголемиот швајцарски произведувач на часовници, Swatch, за една милијарда долари ја купува ексклузивната канадска компанија Harry Winston, која се занимава со производство на часовници и накит.

Swatch ќе плати 750 милиони долари за компанијата Harry Winston Diamond Corp со седиште во Торонто и ќе го преземе долгот од 250 милиони американски долари. Swatch ќе го преземе и седиштето на канадската компанија во Женева и преку 500-те вработени ширум светот.

За Swatch овој договор е одлична можност да се пополни јазот во бизнисот откако во 2011 пропадна договорот за партнерство со Tiffany & Co.

Во оваа трансакција не спаѓаат истражувањата во потрага по дијаманти. Harry Winston соопштија дека по продажбата на своите операции на Swatch, ќе се посветат на бизнисот на ископување на дијаманти и ќе се преименуваат во Dominion Diamond Corp.

Harry Winston и Swatch ќе продолжат и понатаму да соработуваат, затоа што швајцарската компанија е еден од најголемите светски купувачи на брусени дијаманти.