СЗО: Ако богатите земји не се солидаризираат со сиромашните пандемијата ќе трае една година подолго

20

Доколку богатите земји не се солидаризираат со сиромашните и не им овозможат да набават вакцини, пандемијата ќе трае една година подолго.

Пандемијата предизвикана од Ковид-19 ќе трае и во текот на 2022 година поради ниската стапка на имунизација во сиромашните земји, предупредува Светската здравствена организација (СЗО).

Високиот претставник на СЗО, Брус Ејлворд, вели дека поради фактот што сиромашните земји не добиваат доволно вакцини, пандемијата на ковид-19 може да продолжи и во 2022 година.

Тој апелираше до богатите земји да се солидаризираат со сиромашните земји и да им се овозможи да набават вакцини.

Невладините организации тврдат дека, во споредба со богатите земји, во сиромашните во просек стигнува само една од седум дози од вакцината.

На африканскиот континент вакцинирани се помалку од 5 отсто од популацијата, а на останатите континенти процентот на вакцинација надминува 40 отсто.