СЗО ја одобри вакцината на AstraZeneca

33

Светската здравствена организација (СЗО) ја одобри вакцината нa AstraZeneca за вонредна употреба, правејќи ја оваа релативно евтина вакцина достапна во земјите во развој.

Во соопштението на СЗО се наведува дека е одобрена вакцината на AstraZenecа којашто е произведена во соработка со јужнокорејска SKBio и индиски Serum Institute.

“Сега сè е поставено за брза дистрибуција на вакцини, но и понатаму мора да го забрзаме производството“, изјави првиот човек на СЗО, Тедрос Адханом Гибресиус.

Вакцината на AstraZeneca има предност по тоа што е евтина и е лесна за дистрибуција.

Фото: Facebook