Почетна Новости СЗО: Ова не е последна пандемија, државите да вложуваат во јавното здравство

СЗО: Ова не е последна пандемија, државите да вложуваат во јавното здравство

38

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Гебрејесус предупреди дека пандемијата на коронавирусот не е последна пандемија и дека државите треба да вложуваат во јавното здравство како би биле подготвени за идни здравствени кризи.

“Историјата нè учи дека тоа нема да биде последна пандемија, а епидемиите се животен факт“, порача Тедрос во видео пораката по повод меѓународониот ден на подготвеност на епидемии.

Тој оценил дека поголеми вложувања во јавното здравство, со поддршка на владите, би можеле да обезбедат нашите деца и нивните деца да наследат побезбеден, поотпорен и одржлив свет.

Фото: Pixabay