T – Pod, самоуправувачки камион на улиците на Шведска

23

Шведска тестира камион без возач и без кабина на јавни патишта, којшто сообраќа заедно со останатите возила превезувајќи стока до индустриска зона, пишува CNN.

Камионот е дело на шведскиот старт – ап Einride, којшто започна да го тестира истиот на кратка патека во местото Јонкопинг, а тестовите е планирано да траат до 2020 година. Ова е прв пат автономен камион да биде тестиран на јавни патишта, без возач во него.
Камионот, наречен T-Pod, е под надзор од далеку од страна на оператор којшто може да преземе контрола доколку е неопходно. Возилото тежи 26 тони и е опремено со камери, радари и 3D сензори коишто овозможуваат прегледност од 360 степени.
Транспортното средство користи автономна платформа изработена од NVIDIA, а неговите системи се поврзани преку 5G мрежа. T-Pod има опсег од 200 километри и може да достигне брзина од 85 километри на час. За време на тест период му е дозволено да вози со брзина од пет километри на час, во согласност со шведските закони.
Фото: Einride