Таблица за ефикасност на вакцините против коронавирусот

75

Моника Ганди, инфектолог Унивезитетот Калифорнија, на својот профил на Twitter објави интересна таблица.

Таа е преглед на резултатите од клиничките испитувања на шесте најпознати вакцини против Ковид-19: Moderna, Pfizer, AstraZeneca, Johnson&Johnson, NovaVax и Sputnik V.

Во таблицата се наведува механизмот на делување на одредена вакцина, во колку дози се прима, бројот на луѓе на кои е испитана вакцината во текот на клиничките испитувања, ефикасност во заштита од хоспитализација и смрт, ефикасност во заштита од потежок облик на болест и ефикасност против поблаг облик на болест.

Најважната колона во таблицата е онаа означена со број шест. Според клиничките испитувања, сите шест вакцини пружаат 100% заштита од хоспитализација, односно смрт, пренесува N1.

Фото: Twitter