Таџикистан, најсиромашната земја од поранешниот советски блок, на интернет провајдерите им достави попис од 131 интернет страници до кои треба да се оневозможи пристап.
Меѓу ние е и Твитер, но и некои други социјални мрежи, како Vkontakte, Odnoklassniki, најпопуларната социјална мрежа во Русија и мејл сервисот Mail.ru.
Причините за овој потег не се наведени, а на интернет провајдерите не им е јасно по кои критериуми се водела таџикистанската влада. Оваа влада неодамна бараше да се блокира и Фејсбук поради “лаги и навреди на владејачките”, но попуштија на ургенции на САД.