Таен милијардер на кого ни тајните служби не му можат ништо

106

Оваа недела апликацијата за размена на пораки, Telegram е обвинета дека одбила да го почитува остриот германски закон.

Станува збор за закон за спроведување на безбедност на мрежата на којшто од компании на социјалните мрежи, како што се Facebook, YouTube и Twitter бара да се избрише целата нелегална или штетна содржина и активно да вработат лица кои таквите содржини ќе ги проследат до властите.

Павел Дуров е 36-годишен таен милијардер за кој се смета дека е во кругот на најбогати лица во светот. Во јавност се појавува само во црна облека, а стилот што го негува потсетува на фиктивниот лин Неа, кој во филмот Матрикс го глуми Кијану Ривс.

Дуров е познат како “рускиот Марк Цукерберг“ бидејќи бил еден од креаторите на руската верзија на Facebook – VKontakte (VK), којашто во Русија за кратко време стана социјална мрежа број еден. Визијата за Telegram ја доби откако безбедносните сили му влегле во домот во Сантк Петербург во декември 2011 година. Таа година во Русија се организирани најголеми протести против владата поради реизбор на Владимир Путин, а Кремљ одговори со затворање на веб страници на опозициони активисти.

Дуров одбил да ги затвори профилите дури и кога на врата му дошла специјална единица на руските полициски сили. Тогаш сфатил дека му е потребен безбеден комуникациски канал за да разговара со неговиот брат, Николај Дуров – mastermind за кодирање кој има два докторати по математика.

Денес, Telegram е апликација инсталирана на 570 милиони паметни телефони, а во јануари 2021 година беше најинсталирана платформа, а нејзиниот главен конкурент е WhatsApp во сопственост на Facebook.

Дуров во 2014 година за New York Times изјави дека не е “голем обожавател на идејата за земјите“. Регистрираше компании на Девствените острови и на Белизе, купи државјанство од карипската држава Свети Кристофер и Невис за 250.000 долари за да може да патува, а адреса на неговата централна канцеларија е во Дубаи.

Фото: Pixabay