Тајмиште од Кичево прокнижи добивка од 281.000 денари

24

tajmiste-kicevo-580x248

Компанијата Тајмиште Кичево првото тримесечје од оваа година го заврши со вкупна сеопфатна добивка од 281.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Во првите три месеци од 2015 година, компанијата прикажа загуба од 2.610.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, во период од први јануари до 31-ви март оваа година, беа 72.740.000 денари. Истиот период претходната година, приходите од продажба изнесуваа 41.782.000 денари.