Акционерското друштво Тајмиште работеше со загуба од 2.610.000 денари во период од први јануари до 31-ви март оваа година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во првото тримесечје од минатата година, загубата на компанијата беше во висина од 5.259.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во првото тримесечје од 2015 година 41.782.000 денари, додека една година претходно тие беа ви висина од 41.050.000 денари.