Тајна на успехот – Зошто компаниите со над 100-годишна традиција во Јапонија не пропаѓаат?

355

Во рамки на новиот серијал Gen J, проект на BBC Worklife, овој медиум се занимава со земјата на изгрејсонцето, во контекст на бизнисот и новите генерации коишто ја обликуваат иднината.

Во 2008 година, Централната банка на Јужна Кореја објави дека од 5.586 глобални компании (од 41 земја) стари над 200 години, дури 56% биле сконцентрирани во Јапонија. Во 2019 година, повеќе од 33.000 компании стари над 100 години – го најдоа својот дом тука, меѓу другото, и најстариот хотел во светот.

Најстарата куќа на чајот, Tsuen Tea, се наоѓа во јапонскиот град Уји и е основана во 1160-та година. “Лежи“ на уличен агол, со прекрасен поглед на река и мостот. Во “морето“ на интересна јапонска архитектура, не е многу забележлива, но нејзината историја е многу богата и значајна за оваа земја. Секако таа е една од главните туристички станици. Сега ја води Јусуке Цуен, кој има 38 години.

“Се фокусиравме на чајот и не сакавме да го шириме бизнисот. Тоа е причината зошто постоиме“, вели тој.

Опстанокот на оваа куќа на чајот не е големо изненадување за светот, бидејќи се потпира на 900-годишна традиција, има име, стана атракција и е уникатна. Сепак, она што зачудува е како може да има многу слични приказни. Гигантот Takenaka со седиште во Осака е основан во 1610-та година и глобалните брендови како Suntory и Nintendo се вкоренети во 1800-тите години.

Што е трикот?

Јошимори Хара, професор на Факултетот за менаџмент, вели дека овие компании кои опстоиле многу години се нарекуваат shinise, што буквално значи “стара продавница“.

Инаку, тој работеше со години во Силиконската долина и вели дека јапонските фирми пред сè ја истакнуваат конзистентноста, додека “профит преку ноќ“ е во втор план. Хара верува дека ова е главната причина за исклучително силниот деловен систем на оваа земја. Вториот фокус е традицијата. Таму се размислува за наследството и семејното врзување во водење бизнис.

Јасуки Цуен вели дека многу негови школски пријатели наследиле семејни бизниси.
“Јас не го започнав овој бизнис, туку го наследив од моите предци. Ако не го преземав ќе пропаднеше“, вели тој.

За разлика од американските, јапонските градови се стари многу векови, па и не чуди тоа што толку компании имаат долга историја. Меѓутоа, Инан Сасаки, асистент на Факултетот за бизнис вели дека причините се специфични.

“Можеме да кажеме дека долговечноста на јапонските компании е поврзана со долгорочна ориентација, станува збор за култура којашто ја почитува традицијата и своите предци, а од друга страна затоа што е остров, Јапонија немала многу интеракција со други држави“, вели Сасаки.

Добар дел од компаниите мали и средни, ги водат фамилии, а насочени се на угостителство.

Во Кјото, се наоѓа компанијата за видео игри Nintendo, која датира од 1985 година. Сепак, многумина не знаат дека пред нејзиниот светски комерцијален успех, оваа компанија беше фокусирана на правење билети за јапонската игра Ханафуд.

Фото: Pixabay