
Фото: Pixabay
Хрватскиот такси превозник Cammeo, којшто својата франшиза досега ја развиваше во Хрватска и Словенија од следниот месец ќе започне да оперира и во Белград, пишува Franchising.rs
Такси услугата досега е присутна во 30 градови. Давателот на франшизата обезбедува и модерен софтверски систем со GPRS технологија наречен Taxi Navigator, којшто ја олеснува комуникацијата помеѓу операторите, таксистите и корисниците на услугата.
Taxi Navigator, го користат вкупно 13.000 возила коишто не се дел од “флотата“ на Cammeo. Корисниците на франшизата ќе поминат и низ специјална обука или еден вид на Такси академија во целосна организација на Cammeo.
Од такси превозникот веруваат дека оние кои ќе се придружат на брендот можат да очекуваат и поголема заработка, односно зголемување на обемот на работа.
Cammeo започна со работа во 2006 година во Риека, а по четири години отвори претставништво во Осијек од каде што започнаа и со развивање на франшизниот проект.