Tao Café – кафуле со паметна благајна на Alibaba

24

alibaba-facebook

Фото: Facebook

Кинескиот гигант за електронска трговија Alibaba отвори кафуле со самопослужување, а плаќањето се одвива преку паметна благајна, пишува China daily.

Вратата во ова кафуле, што го носи името Tao Cafe во кинескиот град Хангжу, се отвора со помош на паметните телефони на корисниците. Тие во својот телефон ја инсталираат апликацијата на платформата на Alibaba – Taobao.

Објектот се протега на 200 метри квадратни, а нуди храна и пијалаци. Во ист момент може да се опслужат до 50 клиенти.

Сликата од профилот на корисникот се прикажува на екранот откако ќе се направи порачката, а исто така се прикажува и времето на чекање.

Производите што се достапни во продавницата се поевтини за околу 20% до 30% за разлика од другите.