ТЕ – ТЕ ПЛАСТ ќе произведува авто компоненти за BMW

61

Македонската компанија ТЕ – ТЕ ПЛАСТ, која што се занимава со производство на пластични компоненти и калапи за светски автомобилски гиганти, во следните осум години ќе произведува авто компоненти за германската автомобилска компанија BMW.

Оваа компанија, која што вработува 50 лица, неодамна случи 8-годишен договор со водечкиот производител на светла и светлосна опрема компанијата HELLA GROUP за испорака на компоненти за светла за целокупната програма на СУВ возила на познатиот германски производител BMW.

“Највисоките стандарди на производство кои што ги има имплементирано како ИСО9001, ИСОТС16949, високо стручниот кадар со кој располага, континуираните инвестиции во современа опрама и машини овозможија оваа компанија да извезува уште од 2009 година, од година во година да го зголемува производството, испорачувајќи компоненти на брендови како Audi, Nissan Renault, Seat, VW, Porsche, BMW“, се вели во соопштението на компанијата.

Компанијата ТЕ – ТЕ ПЛАСТ постои од 1997 година, бележи постојан раст и континуирано инвестира во технологија и know how.

“’Произведуваме компоненти за светла, компоненти за клима уреди, за електроника и компоненети за авто каросерија. Ги следиме трендовите во индустријата, се трудиме постојано да се подобруваме и да ги задоволиме највисоките свестки стандарди. Соработуваме со водечки компании од автомобилскиот  сектор, што е големо признание за нас и воедно потврда дека создаваме квалитетни делови кои се неизбежен дел од автомобилската индустрија“, изјави Ѓорче Тодоровски, генерален менаџер на ТЕ-ТЕ ПЛАСТ Скопје.