Теал од Тетово со загуба од 11,9 милиони денари во првата половина од 2016-та

21

teal-tetovo-1-580x415

Компанијата за производство на алуминиумски профили и легури, Теал од Тетово првата половина од оваа година ја заврши со загуба од 11.998.000 денари, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период лани, загубата достигна вредност од 4.754.000 денари.

Вкупните приходи од продажба, од први јануари до 30-ти јуни годинава, беа на ниво од 49.764.000 денари. Поголемиот дел од 33.698.000 денари е остварен преку извоз на странски пазари, додека на домашен пазар се реализирани 16.066.000 денари.