Техники и совети за брендирање на компаниите на социјалните мрежи

31

media-pixabay

Фото: Pixabay

Во својата книга Tweet Naked, маркетинг експертот и сопственик на Social Media Firm, Скот Леви, дава увид во клучните информации кои можат да им помогнат на претприемачите, во осмислување на стратегиите на социјалните мрежи што ќе ја зајакнат промоцијата на брендот и ќе помогнат во целокупното работење на компанијата.

Конзистентност

Како да ја изградите конзистентноста на брендот, за да биде препознатлив и впечатлив? Начинот на кој брендот ќе стане видлив за општата заинтересирана јавност е споделување на содржините на социјалните мрежи, но секој мора да ги земе во предвид и традиционалните медиуми. Од слогани до фотографии, преку постови и преку рекламирање, вашата порака мора да биде конзистентна.

Стратегија

Паметната маркетинг стратегија бара котација на целите и причините за создавање на брендот. Неопходно е да се соберат сите бенефиции што ги нуди вашиот производ или услуга, да се ревидира сето она што ја прави вашата компанија уникатна на пазарот, и конечно да се разгледаат личните мотиви за започнување на бизнисот. Треба да знаете кои се вашите идни клиенти и она што тие навистина го сакаат. Одговорот на ова прашање е лесно да се најде меѓу милионите поединци на социјалните мрежи. Колку повеќе информации ќе дознаете, толку полесно ќе ви биде да создадете мрежа на лојални следбеници.

Комуникација

Логото на компанијата мора да биде впечатливо и од него мора јасно да се гледа со што се занимавате. Направете листа на сите атрибути кои ја одликуваат вашата компанија, која ќе продолжи да комуницира со заинтересираната јавност. Во согласност со описот на вашиот бренд, клучна е пораката што тој ја пренесува на другите лица. Изборот на бои може да пренесе различни пораки.

Интеграција

Внимателно одбраната боја при создавањето на нов бренд, веројатно ќе ја пренесе саканата порака. Интеграцијата на брендот значи мудро усогласување на сите горенаведени фактори. Забавно и весело лого составено од темни бои и многу сериозна порака ќе ги збуни потенцијалните клиенти.