Технокомерц прокнижи добивка од 4,4 милиони денари во првото тримесечје

12

tehnokomerc

Компанијата Технокомерц во текот на првото тримесечје од оваа година прикажа вкупна сеопфатна добивка во висина од 4.496.000 денари, покажуваат податоците од билансот на успех објавен на Македонска берза.

Истиот период претходната година, компанијата оствари добивка во висина од 670.000 денари.

Вкупните приходи од продажба во првите три месеци од оваа година беа 43.555.000 денари, додека истиот период лани тие беа на ниво од 23.454.000 денари.