Технокомерц за 12 месеци прикажа 12,9 милиони денари добивка

19

tehnokomerc

Компанијата Технокомерц оствари вкупна сеопфатна добивка од 12.984.000 денари, во период од први јануари до 31-ви декември 2016 година, покажува билансот на успех објавен на Македонска берза. Една година претходно, компанијата прикажа добивка од 8.511.000 денари.

Вкупните приходи од продажба заклучно со 31-ви декември изнесуваа 176.981.000 денари. Од тој износ, на домашен пазар се реализирани 176.849.000 денари, а остатокот од 132.000 денари е остварен на пазари во странство.

Претходната 2015, компанијата оствари 169.317.000 денари вкупни приходи и тоа целосно реализирани на домашен пазар.

Технокомерц се занимава со трговија со: резервни делови за товарни и полутоварни возила, автобуси, градежна и рударска механизација, гуми за возила, индустриска стока и слично.