Технологијата на Concept One на Мате Римац им помага на лицата со инвалидитет

50

rimac

Технологијата со чија помош се движат најбрзите електрични автомобили во светот Concept One на Мате Римац, отсега ќе им помага и на лицата со инвалидитет со цел послободно, посигурно и поедноставно да се движат.

Во околината на Загреб неодамна беше претставена инвалидска количка која користи погонска технологија на хрватскиот производител, кој и досега се занимаваше со развој на брзи автомобили, мобилност, технологија на електрична енергија и развој на прототипови, јавува хрватски Пословни дневник.

Идејата да се направи вакво нешто доаѓа од младото момче Роли Бугнар, кој го контактирал Римац со цел да му помогне да ја подобри инвалидската количка.

Роли сега има инвалидска количка со која може со едно полнење да помине над 60 километри. Новата технологија овозможи поголема мобилност и ефикасност, а намалена е и тежината на самата количика поради вметнувањето на батеријата која е полесна за една третина на 21,1 килограми. Батеријата може да трае и до десет години без загуба на капацитетот, а вообичаено таквите батерии се менуваат еднаш годишно.