Tехнолошки гиганти ќе прифаќаат криптовалути како платежно средство

35

Корисниците на Google и Apple ќе можат да вршат трансакции во криптовалути благодарение на партнерството со компанијата што ја обезбедува услугата за купување и продажба на криптовалути Coinbase.

Тие сега можат да додадат Coinbase картичка на нивните опции за плаќање, што значи дека можат да купуваат стоки и услуги преку паметни телефони користејќи крипто-валути како што се  биткоин, етереум, догкоин и други.

За да добиете картичка, мора да отидете на официјалната страница Coinbase за да стигнете до списокот на чекање. За да ги охрабри корисниците да ја додадат во дигиталните паричници, Coinbase објави до 4% крипто-награди за оние кои ја користат картичката во платежните услуги на Google и Apple.