Технолошкиот гигант Tencent ќе гради град на иднината за 80.000 жители

249

Архитектонската компанија од Сиетел, NBBJ претстави урбанистички план за Net City, нов кварт во кинескиот град Шенжен којшто ќе биде без автомобили, а ќе го гради кинескиот технолошки гигант Tencent.

Планирано е новиот во кварт од 200 хектари да се гради станбен и деловен комплекс како и забавна содржина.

Во новиот градски кварт ќе биде намален и автомобилскиот сообраќај, односно ќе има автомобили само онаму каде што тоа е неопходно. Наместо автомобили, жителите на овој дел од градот ќе патуваат со подземна железница, велосипед или траект.

“Дизајнирање на град без автомобили е можност повторно да се помисли дека градовите се места за луѓе. Урбанистичкото планирање е секогаш ограничено со сообраќајна мрежа за автомобили. Осмислување на град без возила ни овозможува да правиме многу похумано окружување“, велат архитектите од NBBJ.

Зградите ќе бидат со висина од еден до 30 катови, а во овој кварт ќе може да живеат и работат 80.000 жители.

Планот на NBBJ е долж целиот брег да се засади шума од зимзелени дрвја, мангров, кои би претставувале природна одбрана од поплави, додека со сензори би се следела состојбата на брановите. Net City се гради по план на кинеската иницијатива Sponge City, чија цел е градење на урбани зони со еколошки пристап, одбрана од поплави и третирање на водите.

Соларни панели на градот ќе му овозможат зелена енергија, а проектот ќе се реализира во три фази во наредните седум години.

Фото: NBBJ