Технолошкиот и банкарскиот сектор го поттикнаа Волстрит

70

На Волстрит во вторникот берзанските индекси пораснаа, најмногу поради растот на цените на акциите на големите технолошки компании и банки, додека војната во Украина беше во втор план.

Dow Jones зајакна за 254 поени, или 0,74 отсто, на 34.807 поени, додека S&P 500 порасна за 1,13 отсто, на 4.511 поени, а индексот Nasdaq за 1,95 отсто, на 14.108 поени.

Тие индекси пораснаа во пет од последните шест дена откако Федералните резерви на САД ги зголемија клучните каматни стапки за 0,25 процентни поени, со што започна борбата против инфлацијата.

Иако ФЕД ќе продолжи да ги зголемува каматните стапки во наредните месеци, што значи дека ќе се зголемат трошоците за задолжување на потрошувачите и на многу деловни сектори, тоа е позитивно за банките.

Индексот на банкарскиот сектор S&P 500 вчера скокна за 2,5 отсто.

Освен енергетиката, раст бележат и сите други најважни сектори, најмногу технолошки.

Во исто време, цените на акциите пораснаа за сите технолошки гиганти, од Apple, Amazon и Alphabet до Microsoft и Tesla.

Ова се должи на корекции на цените откако беа под притисок со недели.

Индексот S&P 500 вчера порасна за 1,4 отсто, но сепак е во пад од околу 10 отсто од почетокот на годината.

Иако продолжуваат жестоките напади на руската војска врз украинските градови, војната во Украина вчера беше во втор план на пазарот.

И на европските берзи цените на акциите пораснаа. Лондонски FTSE индекс вчера се зголеми за 0,46 отсто, на 7.476 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 1,02 отсто, на 14.473 поени, а париски CAC – 1,17 отсто, на 6.659 поени.