Технолошкиот сектор го стимулираше растот на европските берзи

12

Цените на акциите пораснаа на европските берзи во петокот наутро, најмногу во технолошкиот сектор бидејќи инвеститорите беа охрабрени од подобрите од очекуваните деловни резултати на Alphabet и Microsoft.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции порасна за 0,5 отсто во 9:30 часот, така што е на пат да добие 1,2 отсто оваа недела.

Истовремено, лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,64 отсто, на 8.130 поени, додека франкфуртски DAX се зголеми за 0,52 отсто, на 18.010 поени, а париски CAC за 0,30 отсто, на 8.040 поени.

Пазарите се поддржани од растот на цените на акциите во технолошкиот сектор, откако Alphabet и Microsoft синоќа објавија подобри квартални резултати од очекуваните.

Цената на акциите на Alphabet порасна во продолженото тргување, по затворањето на Волстрит, за 11 отсто, а на Мајкрософт за 4 отсто.