Технолошките компании малку го зголемуваат оптимизмот на берзите

Европските берзански индекси денес се претежно повисоки, бидејќи инвеститорите се подготвуваат за објавување на низа економски податоци и квартални извештаи од големите компании оваа недела.

Инвеститорите на светските берзи внимателно ќе ги следат податоците за францускиот и германскиот бруто домашен производ и инфлацијата во среда, а четири од седумте американски компании од „величествените седум“ – Amazon, Apple, Meta и Microsoft – ќе ги објават своите извештаи за заработката, пренесува CNBS.

Дополнително, значајни компании како Visa, Coca-Cola, Eli Lilly и Berkshire Hathaway ќе ги објават своите резултати.

Денес во 9:30 часот, индексот DAX на Франкфуртската берза порасна за 0,35 проценти на 22.317,50 поени, францускиот CAC 40 за 0,47 проценти на 7.571,77 поени, британскиот FTSE 100 за 0,39 проценти на 8.447,50 поени, додека московскиот MOEX падна за 0,16 на 3.001,44 поени.

Вредноста на американскиот берзански индекс Дау Џонс порасна за 0,05 проценти на 40.113,50 поени, индексот S&P 500 за 0,74 проценти на 5.525,21 поени, а вредноста на индексот Nasdaq за 1,26 проценти на 17.382,94 поени.

Европските фјучерси за гас за мај беа продадени на отворањето на Лондонската берза за холандскиот TTF центар по цена од 32,005 евра за мегават-час.

Според тековните податоци од берзата, цената на американската сурова нафта WTI се искачи на 63.156 долари, а цената на европската нафта Брент се искачи на 66.977 долари.

Цената на златото падна на 3.282,58 долари за фина унца, а цената на пченицата се искачи на 5,2316 долари за бушел (еден бушел е еднаков на 27,216 кг).

Вредноста на еврото во однос на доларот на Форекс берзата е 1,136407, што е за 0,21 процент помалку од вредностите од вчерашното тргување.