Техномаркет е најголем корпоративен донатор на СОС Детско село за 2013

30

tm

Техномаркет на денот на СОС Детските села, 20 јуни, се закити со признанието за најголем корпоративен донатор на СОС Детско село од Македонија за 2013 година.

„Основната цел според која се раководи нашата компанија е да допринесе за заедницата во која функционира. СОС Детското село е една од организациите со кои подолго време негуваме успешна соработка, а верувам дека таа традиција ќе продолжи. Поради тоа, би сакала да изразам голема благодарност во името на тимот на Техномаркет за признанието за најголем корпоративен донатор на СОС Детското село за 2013 година, што многу ни значи и воедно ни претставува само дополнителна причина да продолжиме со низата на општествено одговорни активности и да градиме посреќна иднина за децата од оваа организација“, изјави Марија Ристовска, маркетинг менаџер во Техномаркет.

На настанот на кој оваа меѓународна невладина организација за социјална заштита го одбележа денот на СОС Детските села ширум светот, Техномаркет доби благодарница за особен придонес во полето на поддржувачи и соработници на СОС Детското село во текот на изминатата година.

„Признанието за најголем корпоративен донатор за 2013 година, заслужено отиде во рацете на компанијата што години наназад не поддржува и секогаш излегува пресрет на нашите барања, Техномаркет. Оваа благодарница е само скромен начин, нашата организација да се оддолжи за укажаната поддршка од страна на компанијата. Соработката трае подолго време и функционира беспрекорно, што служи како пример за останатите компании да го следат ваквиот чекор“, изјави Јулијана  Гапо, директор на СОС Детското село во Скопје.

Минатата година, ланецот на продавници Техномаркет ги обезбеди трошоците за патувањето на 40 деца од СОС Детското село во кампот Калдонацо, Италија и им додели летни реквизити со практична намена кои им го разубавија престојот во кампот.