Техномаркет ја покажа општествената одговорност кон Клиниката за детски болести

29

tehno Одделот за кардиологија на Клиниката за детски болести доби нови полици, постелнина, клима уреди, бироа, столчиња и медицинска опрема-стабилизатори за вода, во вид на донација од компанијата Техномаркет.
Директорката на Клинката за детски болести, Аспазија Софијанова нагласи дека со новата опрема полесно и побезбедно ќе се дијагностицираат проблеми со срцето кај децата.
“Оваа година почна проектот за неонатална кардиохирургија. Ова е почеток на една акција. Донацијата на Техномаркет ќе овозможи уште полесно и побезбедно да се дијагностицираат сите деца кои имаат проблеми со срцето”, посочи Софијанова.
Марија Ристовска од Техномаркет, истакна дека тие и понатаму ќе продолжат да бидат општествено одговорна компанија која преку акции и кампањи ќе и помага на заедницата.
“Идејата беше да го опремиме ЕХО и ЕКГ одделот на Клиниката, да наликува на детска соба, со цел на дечињата да им биде поудобно додека се на преглед. Се надевам дека новиот изглед на Клиниката ќе ги оправда нашите заложби и дополнително ќе мотивира уште многу компании да го следат нашиот пример”, изјави Ристовска.
За време на тримесечната кампања, најголемиот синџир на продавници за бела техника и апарати за домаќинство, издвојуваше дел од својот промет и го намени за доопремување и реновирање на одделот за кардиологија во клиниката.

Кампањата Купуваме и радост споделуваме беше креирана на начин преку кој и граѓаните имаа можност да донираат за детската клиника со купување на кој било производ од Техномаркет, без притоа да почувствуваат дополнително оптоварување на сопствениот буџет.